Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат


Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе”.

При тоа тој истакна дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

– Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат кај оние кои ќе платата најмногу, наместо кај луѓето и на местата каде што се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката емитувана за време на виртуелната конференција за коронавирусот што ја организираше Меѓународното здружение за борба против Сида.

– Лидерите треба да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција врз основа на еднаквост, а не само на фактори кои ги утврдува пазарот, истакна Гејтс.

Вашингтон, 11 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Мицкоски: За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата на универзалниот снабдувач

За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата …