Германија и Франција ќе претстават заеднички план за реформи во еврозоната


Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе претстават заеднички предлози за продлабочување на монетарната унија до месец мај, пренесува “Ројтерс”.

Меркел и Оланд тешко ги надминуваат за почеток односите, откако канцеларот го поддржа поранешниот претседател Никола Саркози на изборите минатата година, а Оланд ги искритикува економиите на кои инсистира Берлин.

Двајцата сепак ги отфрлија тврдењата дека односите меѓу Берлин и Париз се тешки и ги истакнаа чекорите што ќе ги усвојат заедно за решавање на проблемите во еврозоната.

Оланд го посочи фискалниот пакт за буџетска дисциплина, договорот од декември за банкарска супервизија и договорот за Грција да остане во еврозоната, како резултати од силната врска меѓу него и Меркел.

“Вие знаете дека ние припаѓаме кон едно политичко семејство. Ако се погледнат резултатите, јасно е дека сме на ист бран “, истакна претседателот.

Меркел пред новинарите истакна: “Станува збор за длабочината на соработката во економската политика со цел социјална сигурност, вработување, раст и финансиска стабилност”.

По едно од најконтроверзните прашања меѓу двете земји, двајцата ветија дека ќе поднесат заеднички предлог пред самитот на ЕУ во јуни.

Фото: washingtonpost


Видете следно

МБА веќе започна со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ја информира јавноста дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката …