Германија нема да го повлекува златото од САД


Германија одлучи дека нејзините златни резерви се на безбедно место во САД, пренесоа светските агенции.

Растечката недоверба кон еврото за време на должничката криза во Европа покажа силен притисок и доведе до политичко решение за враќање на златните резерви во германските сводови. Вкупната вредност на германското злато е околу 141 милијарди долари и неговата тежина се пресметува на околу 3 387 тони.

Земјата ги има вторите по големина златни резерви во светот, по оние на САД. Така Германија одлучи да си прибере вкупно 674 тони тони злато од Њујорк и Париз до 2012 година. Реално сепак беа префрлени околу 69 тони, пред операцијата да биде прекината.

Прекинувањето на дебатата за репатријација на германското злато од САД ги отстранува и потенцијалните тензии во односите меѓу Берлин и Вашингтон. Како чувар на златните резерви на централната банка на Германија, Deutsche Bundesbank, е обврзана да обезбеди безбедност.

Од банката коментираат дека е разумно дел од резервите да се држат надвор од земјата, затоа што може да се размени полесно за девизи, при криза во Европа.

 


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …