Германија се согласи Грција да излезе од еврозоната


Германското списание “Шпигел” тврди дека канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле го сменија својот став за излегување на Грција од монетарната унија.

Германската влада излезе со нова позиција по прашањето за излегувањето на Грција од еврозоната, која досега беше негативна, пренесоа Reuters и ТААС, повикувајќи се на списанието “Шпигел”.

Според изданието, германскиот канцелар Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле се на мислење дека во моментов еврозоната може да се среди со евентуално излегување на Грција од монетарната унија.

Излегувањето на Грција од еврозоната е речиси неизбежно, ако левата опозициска партија СИРИЗА победи на изборите на 25 јануари.


Видете следно

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија д-р Стефан Холтхоф Пфортнер

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со …