Германија во 2012 година го забави економскиот раст за 0.7%


Економијата на Германија го забавила растот во 2012 година, но се справила со рецесијата во Европа, покажуваат податоците на федералната статистичка служба на земјата.

Минатата година бруто домашниот производ (БДП) на Германија регистрирал пораст од 0,7% наспроти 3% во 2011 година и 4,2% во 2010 година, покажува статистиката.

“Во 2012 година германската економија се покажа отпорна во услови на тешка економска средина и остана надвор од рецесија”, коментира Родерих Еглер, претседател на сојузната германска статистика.

Посериозно забавување на економскиот раст е регистриран во втората половина на 2012 година

Релативно стабилна била надворешната трговија на земјата, при што извозот се зголеми за 4,1% за целата година, а увозот – со 2,3%.

Внатрешната потрошувачка се развива во две насоки. Регистриран е раст на потрошувачката од 0,8% и на трошоците на владата од 1%, но создавањето на основен капитал забележува значителен пад за прв пат од почетокот на кризата.

Од друг извештај на федералната германска статистика станува јасно дека годишната инфлација во земјата во декември се зголеми до 2,1%, откако во ноември беше забележан годишен раст на потрошувачките цени од 1,9 отсто.

За целата 2012 година е регистрирана инфлација од 2% од 2,3%.

Зголемувањето на потрошувачките цени во декември се должи во голема мера на енергетскиот сектор.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите …