Германија воведе минимална плата


Германскиот парламент го одобри воведувањето на минимална плата во земјата. Надоместокот ќе изнесува 8,5 евра на час, што е повисоко од платените во САД и Велика Британија, пишува “BBC“.

Предлог-законот е дел од коалицискиот договор меѓу Христијанодемократската партија на Ангела Меркел и социјалдемократите.

Досега Германија беше една од 4-е држави од ЕУ, кои немаше воведено минимална плата. Во земјата темата предизвика сериозни дискусии, а според претставниците на бизнисот тоа ќе доведе до загуба на работни места и принуда за компаниите да ги пренасочи своите активности во други држави, каде што трудот е поефтин.

Минималната плата нема да опфати малолетни лица, како и вработените во првите 6 месеци. За сите останати промената влегува во сила во 2015 година.

Од 1 јануари 2018 година, пак, мерката ќе се ревидира еднаш годишно.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …