Германија воведува патарина за странци


Берлин во понеделникот претстави план за патарина за регистрирани возила во странство.

Според предлогот, сите возачи на автомобили ќе плаќаат просечно по € 88 годишно, од 2016 година. За германските возачи, трошоците ќе бидат компензирани од даночни попусти, пишува The Wall Street Journal.

Европската комисија во понеделникот изјави дека генерално ги прифаќа плановите за финансирање на инвестиции во инфраструктурата од такси за учесници во сообраќајот, но предупреди дека германците и странците ќе мора да бидат третирани подеднакво.

Воведувањето на винети само за автомобили со странска регистрација е дискриминација, велат експертите. Министерот за транспорт на Германија, Александер Добринт сепак беше категоричен дека законот е усогласен со европските правила и не е дискриминаторски.

“Патните трошоци одговараат на правото на ЕУ. Ние ќе гарантираме дека нема да ставиме ниту еден странски државјанин во непријатна ситуација “, истакна Добринт.

 



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …