Германската бизнис доверба во ноември предизвика покачување на еврото!


Индексот на бизнис довербата на Минхенскиот институт IFO се покачи до 101.4 поени, во споредба со нивото од 100 поени во октомври. Ова е негово прво зголемување од осум месеци наваму, додека економистите предвидуваа пад до 99.5 поени.

Од своја страна, француската бизнис доверба исто така се покачила овој месец од најниска вредност за последните три години, според посебен извештај, објавен денес.


Германскиот раст е забавен помалку од очекувањата на економистите во третиот квартал, и компаниите стануваат претпазливи со знаци за намалување на економијата во четвртиот квартал, но сепак е можно привремено одложување.

Истражувањето на IFO помеѓу 7 000 германски компании ангажирани во индустријата и трговијата, покажа дека индексот за бизнис очекувањата се искачил на 95.2 поени во однос на 93.2 во октомври, додека показателот на моменталните услови пораснал до 108.1 поени од ревидираната 107.2. Еврото се зголеми по излегувањето на извештајот и во моментов се тргува за 1.2909 $.


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …