Гевгелија ќе го модернизира јавното осветлување преку јавно-приватно партнерство


Гевгелиските советници усвоија физибилити студија за примена на мерки за енергетска ефикасност во системот за јавно осветлување според ЕСКО модел за јавно приватно партнерство за улично осветлување.

Моментната референтна потрошувачка на енергија на системот за јавно осветлување во општината изнесува повеќе од 1,2 милиони киловат часови годишно што одговара на сума од преку 8,5 милиони денари.


Од Општината посочија дека во првата фаза од проектот, компанијата што ќе биде избрана на меѓународен тендер, ќе модернизира 2500 од вкупно 3795 светилки во општина Гевгелија и оти по имплементирање на проектот, општината преку заштеда ќе ги врати инвестициите за период од осум години.

– Се определивме за ваков модел поради енергетската ефикасност и фактот дека со заштедата целосно ќе ги вратиме инвестираните средства. Тоа потрошувачите не ги чини ништо затоа што комуналната такса за јавно осветлување останува иста, велат од Општина Гевгелија по презентацијата на моделот на енергетски услужните компании. им/оџ/

Гевгелија,4 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Во текот на една недела санкционирани 123 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот …