Гинко го замени Ќосето пред Судска палата


Градоначалникот Шилегов, заедно со заменик-министерот за надворешни работи на СР Германија Михаел Рот, претседателката  на Градскиот совет на партијата СПД во Нирнберг, Ања Прелс-Камерер и амбасадор на СР Германија Томас Герберих и претставници од збратимениот град Нирнберг, денеска одржаа  прес-конференција пред Судска палата.

„На оваа локација на која пред нешто повеќе од 2 месеци беше отстранета дивоградбата на која беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев –Ќосето, денеска е засадено дрвото на човековите права. Поставувањето на споменикот на Ќосето пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Но, отстранувањето на споменикот и засадувањето на таканареченото дрво на човекови права на местото на постаментот-дивоградба е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста“ – истакна Шилегов.

Дрвото кое ја замени дивоградбата е од видот Гинко, симбол на правата на човекот. Токму затоа покрај дрвото ќе биде поставена изгравирана плоча која ќе  потсетува на правото на праведно и јавно судење на секој граѓанин пред независен и непристрасен суд изразено во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации.

„Плочата која е донација од збратимениот град Нирнберг ќе упатува порака дека во судот правдата се дели непристрасно. Судството ќе биде независно и ослободено од политичка контрола. Еднаквоста на граѓаните пред законот е гарантирана. Со овој потег Градот ја  избира симболиката на законитоста пред нелегалноста, правдата пред партиската послушност, животот пред бронзата и бетонот“ – нагласи Шилегов.

Тој, додаде и дека секое засадено дрво остава траен белег во влогот за подобар живот за сите, а  секој чекор преземен од градската администрација е во насока на подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Шилегов се заблагодари на збратимен град Нирнберг за донацијата на плочата и за поддршката што ја  дава на Град Скопје.

Видете следно

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар се здоби со големото признание

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот …