Гласањето за најдобрите Македонски веб сајтови започна!


Media Solutions и системот за онлајн реклами keep an eye, под покровителство на Словачката амбасада во Македонија и ИАБ Македонија по трет пат ја организираат манифестацијата Сајт на годината во Македонија.

Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите Македонија како и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на веб медиумите во Македонија. Манифестацијата ќе се одржи во Скопје на 13.12.2012 година.

Номинирање на сајтови

Сајтови за учество во овогодинешната манифестација покрај жири комисијата може да пријави секој интернет посетител преку формата за пријавување на сајтот. Рокот за пријавување на сајтови е до 16.11.2012г.

Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории.Ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории (најдобар сајт за 2012, најдобар сајт според публика, најдобар сајт според дизајн, најиновативен сајт, најдобар мобилен сајт и најдобар сајт во соодветна категорија пр забавен) За оваа година сајтови може да се номинираат во следните категории:

Најдобар Сајт за 2012 година
Најдобар сајт според публика
Најдобар сајт според дизајн
Најдобар забавен сајт
Најдобар информативен сајт
Најдобар спортски сајт
Најдобар бизнис/корпоративен сајт
Најиновативен сајт
Најдобар сајт за е-трговија
Најдобар сајт за невладини организации
Најдобар сајт за образование
Најдобар мобилен сајт
Најдобар сајт за владини/државни институции
Најдобар блог

Начин на гласање

Новост за оваа година е тоа што покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите. Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 19.11.2012 и ќе трае до 09.12.2012. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10 , 6 и 2 поени. Победниците ќе бидат објавени на 13.12.2012г. на свечената манифестација при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија. Награди ќе се даваат во следните категории:

Најдобар Сајт за 2012 година
Најдобар сајт според публика
Најдобар сајт според дизајн
Најдобар забавен сајт
Најдобар информативен сајт
Најдобар спортски сајт
Најдобар бизнис/корпоративен сајт
Најиновативен сајт
Најдобар сајт за е-трговија
Најдобар сајт за невладини организации
Најдобар сајт за образование
Најдобар мобилен сајт
Најдобар сајт за владини/државни институции
Најдобар блог


Видете следно

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на …