Глигоров: Со што гарантираме на изборите? Со празни зборови или со имот? Дали се депонирани пари како гаранција?


Налетав на реклама на кандидатот за Аеродром, Тимчо Муцунски. Си викам, ај да видам. Убаво срочен сајт, прегледен … Со оглед на лошото владеење во Аеродром, овој кандидат има големи шанси за Градоначалник. А и личи дека е многу посолиден од останатите …
Сепак … Наведени седум Топ приоритети во кој нема ни Е од економија. Приоритет број 1 не може и не смее да биде Нови градинки. Приоритет може да биде Создавање на подобри услови за живеење, во кој веројатно спаѓаат и градинките, а можеби и нешто друго. Зошто да не е луѓето да имаат високи плати па да може да платат за лична грижа за децата? Или еден родител да работи, а другиот да ги чува децата? Можеби тоа го сакаат луѓето во Аеродром.
Како што напишав претходно, и овде без исклучок, во програмата има само за трошење, но нема и за тоа од каде ќе се прибираат пари за тоа трошење. Дали ќе има дополнителни давачки, дали ќе има зголемена стопанска активност која ќе продуцира повеќе работни места, а со тоа и повеќе приливи?
Праксата покажува дека кога нема објаснето за приходи и финансирање во листата на желби, а се удри само на трошење – корупцијата ќе царува. Иако има најдобри намери, партијата мора да се „оддолжи“ на своите партиски ментори и финансиери. Како тоа Тимчо ќе направи Нула корупција како што пишува? Или Нула корупција ќе биде за сите надвор од нивнат партија? Нула корупција беседеше и Груевски па видовме како ОН го беше замислил тоа …
За друго сакав да пишувам. Ми западна во очи зборот „Гарантираме“. Кога појдов и на програмата на партијата и другите кандидати во други општини, истото го среќавам „Гарантираме“.
⁉️ Дали луѓето го сфаќаат зборот „Гарантираме“? Или во старт се обидуваат со измами?⁉️
Во финансискиот свет, ако во банка одиш да земеш пари, мора да дадеш гаранција дека парите ќе ги вратиш. Гаранцијата не е во форма на зборови, туку потпишуваш договор и овој договор го поткрепуваш со (најчесто) материјален имот. Ако парите не ги вратиш, тогаш ти го земаат имотот.
Во бизнисот, фирма дава гаранција за одреден производ или услуга. Ако во тој рок производот не работи согласно ветеното/понуденото, фирмата-продавач мора да го поправи производот или да ти даде нов.
Ако секаде зборот Гаранција е поврзан со некакво обезбедување во случај на неуспех, како тоа оваа партија, а и другите партии гарантираат? Со што? Што ќе вратат назад ако не исполнат? Партијава дури не се извини за криминалното и режимско владење во Македонија во нивниот последен мандат, а излегува со некакви нови „гаранции“.
Сега да анализираме што гарантира партијата. Ми гарантира дека „Создади нова иднина“? Демек В/Д и некој „Тимчо Муцунски“ во Карпош каде што живеам ми гарантира дека самиот јас ќе си создадам нова иднина?!!!???? Стварно? Или ми гарантираат промени-проекти-победи? Овие зборови се под Создади нова иднина како дообјаснување. И В/Д ми гарантира дека ќе создадам нова иднина преку промени, проекти, победи? Ш’o знам, некако ова ми личи неостварливо за секого. Чии се проектите? Мои или на В/Д? Да, за нив ќе има промени, ќе има проекти (и лапање тендери), ќе има и победи … Но каде се тогаш луѓето што гласаат во приказнава …
Ми се чини дека како што има Заштита на потрошувачи преку инспекции и институции кои се грижат понуденото од фирмите да биде остварливо и да не биде измама, мора да има тело кое ќе ги евалуира партиските понуди (кои се состојат од спецификација на ветувања). Тоа тело како на пример ДИК, треба да реагира со тоа што ако некој гарантира нешто, да покаже доказ што ќе врати назад ако не го исполни ветувањето. Или зборот Гарантираме, да си го заменат со Ветуваме …
❤МК
ПС За волја на вистината, политичката понуда на В/Д е најдобро визуелно претставена во однос на другите партии. Некои ќе речат, па имаат пари … Имаат пари и СДС и ДУИ па нешто тенко се на тоа поле.
ПС2 Рекламата е во коментар.

Фејсбук статус на Венко Глигоров



Видете следно

Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и јубилејот 20 години од основањето на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка на …