Глобалната примена на концептот за намалување на штетите од пушењето дава надеж


Глобалната примена на концептот за намалување на штетите од пушењето дава надеж

Концептот за намалување на штети се базира на голем број прагматични јавни политики, регулативи и процедури кои поттикнуваат помалку ризично однесување и ги намалуваат здравствените ризици, преку употреба на побезбедни производи или супстанции, а се користи во јавните здравствени сектори од 1970-тите.


Овој концепт не е првенствено за елиминирање на ризичните производи или однесувања, туку за намалување на ризиците кои ќе им овозможат на луѓето да преживеат и да живеат подобар живот. Пример за тоа е употребата на никотинот во помалку ризични форми (Никотинска заменска терапија) со цел да се поттикнат луѓето да се префрлат од цигарите, кои се еден од најризичните начини на консумирање никотин, на докажани подобри алтернативи.

Проектот GSTHR (Global State on Tobacco Harm Reduction) го објави извештајот „Горливо прашање: Глобалната состојба на концептот за намалување на штетите од пушењето во 2020 година“, кој се фокусира на универзалното право на здравје, чие постоење е обезбедено со неколку меѓународните декларации.


Светската здравствена организација (СЗО) и понатаму го застапува ставот дека до крајот на 2025 година во светот сѐ уште ќе има над една милијарда пушачи. Таа бројка сега достигнува 1,1 милијарда и се предвидува дека ќе остане така, од која повеќето се од маргинализирани групи, како што се жителите на земјите со низок и среден приход.

Но, иако проблемот со пушењето сè уште постои во некои држави, надежта сега се појавува во некои други.


Развој на нови производи

Појавата на нови производи овозможува широк избор на алтернативи за оние кои сакаат промена. Новите производи кои сами по себе се дискретни и лесни за употреба, стануваат технолошки сè понапредни, а сè повеќе компании избираат да развиваат уреди што го загреваат наместо да го согоруваат тутун (Heat-Not-Burn, HnB), но одат и на развој на уреди без никотин.

Сепак, достапноста на новите производи не влијае значително на навиките на потрошувачите, бидејќи, според истражувањето на GSTHR, по 10 години постоење алтернативи, бројот на нивните корисници на глобално ниво е скромен во споредба со бројот на пушачи – девет на 100. Најмногу луѓе кои се имаат се префрлено на алтернативи има во САД, потоа во Руската Федерација, Кина, Мексико и Обединетото Кралство, Шведска, Финска и Јапонија.

Подобрите алтернативи се едноставно – подобри

Авторите на извештајот потсетуваат дека нема апсолутна безбедност, но дека повеќе од десет години во оптек има подобри алтернативи и дека има сѐ повеќе докази дека тие претставуваат помал ризик од производите што горат тутун. Ова беше особено потврдено во 2018 година, кога Институтот за јавно здравје на Англија објави извештај дека користењето алтернативи е најмалку 95% понеризично од продолжувањето со пушењето и дека нивото на супстанции штетни за животната средина предизвикани од користењето алтернативи е занемарливо.

Дополнително, постојат сè повеќе докази дека алтернативите се поефикасни во откажувањето од пушење отколку што е Никотинската заменска терапија (НРТ). Сите индикации се дека „принципот на претпазливост“ (принцип кој советува претпазливост при разгледување на потенцијалната штета од нови производ) што се однесува на здравјето и регулативата повеќе не треба да важат.

Тековни одлуки за идни придобивки

Една од најпознатите организации која го предводи овој тренд е Управата за храна и лекови на САД (ФДА), непобитен авторитет за јавното здравје со строги процедури кои мора да ги помине секој производ кој на кој било начин се однесува на јавното здравје.

Следејќи ги социјалните, економските, политичките и правните промени во Соединетите Држави, ФДА обезбеди револуционерна улога во промовирањето на јавното здравје, а многу власти ја земаат како пример за регулаторите во другите земји кои се соочуваат со тековни регулаторни предизвици.

Пат напред

Сега, за прв пат постои широк спектар на позитивни стимулации, а тоа не е само забрана за пушачите, што ги принудува да се откажат од традиционалните цигари. Алтернативите обезбедуваат излезна стратегија која досега не постоела, која се покажа како прифатлива и за пушачите, а со минимални трошоци за регулаторите.

Без оглед на намерите, реалноста нè учи дека контролирањето на тутунот и тутунските производи може само да помогне да се намали штетата. Прашањето за намалување на штети, како составен дел од борбата против тутунот, отсекогаш било актуелно, но сега постојат реални шанси тоа навистина да придонесе за доброто на јавното здравство.


Видете следно

Сончево и топло со температури до 35 степени

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална …