Глобалниот бизнис ja стави трговијата и инфраструктурата на дневен ред


Светските лидери треба веднаш да потпишат пакт, кој ќе ги намали трговските граници, да формира „глобален инфраструктурен центар”, кој да ги организира и сортира по приоритет проектите во областа, како и да воведе правила за надминување на корупцијата. Тоа го изјавија бизнис лидерите од Б20 / B20 * / пред средбата на земјите од Г20 во Австралија, пренесе агенцијата Ројтерс.

Предлозите се само дел од вкупно 20 кои бизнис лидерите ќе ги предадат на австралиската влада, со надеж дека тоа ќе ги вклучи во дневниот ред на состанокот на Г20 во ноември во Сиднеј.

Според Б20 усвојувањето на сите нивни препораки ќе помогне на Г20 да ги постигне своите цели за светски економски раст од 2% во наредните 5 години и ќе создаде 50 милиони нови работни места.

* Business 20 / B20 / е форум преку кој приватниот сектор нуди нови политики на годишните состаноци на лидерите од Г20. В20 собира бизнис лидери од земјите-членки на Г20, кои се рефлектираат на клучната улога на приватниот сектор за силен, стабилен и балансиран економски раст.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …