Годинава нема да се одржи манифестацијата „Денови на мед” во Куманово


Поради акутелната состојба со Ковид 19 откажана е овогодишната манифестација „Денови на медот” во Куманово, информираа денеска од кумановското здружение „Пчела”.
Претседателството на здружението одлучило дека поради препораките на здравствените власти во државата, да не се одржи оваа манифестација која годинава требаше да биде 21 по ред.

„Пчела” е едно од ретките здруженија во државата кое може да се пофали со традиција долга дваесет години во организирање на манифестацијата „Денови на мед”.

-Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19, претседателството на пчеларското здружение по консултација со своите членови, а следејќи ги препораките од надлежните служби како на национално така и на локално ниво, донесе одлука оваа година манифестацијата да не се одржи поради големиот ризик од евентуалниот пренос на заразата како на самите учесници така и на традиционалните посетители на оваа манифестација. Здружението воедно упатува јавно извинување до граѓаните на Куманово кои веќе традиционално ја посетуваат оваа манифестација со желба дека во прва наредна прилика манифестацијата ќе продолжи како и досега-изјави, Миодраг Голубовски, член на претседателството.

Од пчеларското здружение велат дека годинава, приносите на мед, се незначителни.

– Приносите на мед беа незначителни, во добар дел и немаше приноси на мед, голем број од пчеларите не ни извадија годинава мед, а оние мали количини ги оставија на своите пчелни семејства за нивно презимување и пролетен развој,појаснува Голубовски.

Кумановските пчелари сметаат дека ова се должи, пред сè тука може да се истакнат климатските промени кои во континуитет во изминативе неколку години влијаат на медопродуктивноста, проблемите кои ги прави главниот штетник на пчелите, пчелниот крлеж, болести на пчелните семејства во прв ред, гнилеж како и ненавремената и несоодветната примена на одредени методи од страна на дел од пчеларите. Во здружението годинава членуваат 70-тина пчелари. Наредната година здружението ќе одбележи пет децении од постоењето, за што во моментов се подготвува монографија. ам/дма/

Куманово, 17 октомври 2020 (МИА) –

Видете следно

РС Македонија, Србија и Црна Гора ќе ја продлабочат соработата во туризмот

Агенцијата за туризам (АППТ) оствари состанок со националните туристички организации на Србија и Црна Гора …