Годишен раст на вкупните депозити и кредити во август


Вкупните депозити во август бележат месечен раст од 1,2 проценти како резултат на растот на депозитите и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, а на годишна основа има зголемување за 1,7 проценти, покажуваат податоците од Народна банка.

Вкупните кредити, пак, на месечна основа се пониски за 0,3 проценти што се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, во услови на раст на кредитите кај домаќинствата. На годишна основа има раст од 9,7 проценти поради повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор. бак/сп/



Видете следно

Извештај за финансиската стабилност на Народната банка: Обемот на трансакции со недвижности и цените се над претпандемичното ниво, засега нема посериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност, но потребно е внимателно следење

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот …