Breaking News

Годишна конференција за оценка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи Годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.


Настанот ќе започне во 9 часот во хотел „Дабл Три Хилтон“ во Скопје, а на него се најавени обраќања на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на евроамбасадорот Дејвид Гир, како и на в.д. претставничката на УСАИД во земјава, Дон Кармин. сх/сп/


Фото: МИА архива

Скопје, 5 април 2023 (МИА)