Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти


Инфлацијата во 19-те држави на Еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, поттикната од покачените цени на енергенсите што делумно растат и поради војната во Украина, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска.

Тоа е зголемување на и онака високата инфлаторна стапка која во јуни изнесуваше 8,6 проценти.


Инфлацијата во ЕУ достигнува рекордни нивоа од 1997 година кога почна статистичкото следење на податоците.

Цените на енергенсите на годишно ниво овој месец се зголемиле за 39,7 отсто, додека оние на прехранбените производи за 9,8 проценти. аб/
Брисел, 29 јули 2022 (МИА)



Видете следно

СДСМ: Македонската економија привлекува сериозни странски инвестиции

Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски …