Google го купува WhatsApp за 1 милијарда долари


Американската технолoгична корпорација Google сака да ја купи популарната платформа за размена на текстуални пораки WhatsApp за сума од 1 милијарда долари.

Според непотврдени информации на технолошкиот сајт DigitalTrends.com гигантот во интернет пребарувањето води тешки преговори со WhatsApp веќе повеќе од еден месец, а сопствениците на платформата упорно се обидуваат да ја зголемат продажната цена.

Претходните гласини велат дека социјалната мрежа Facebook, исто така преговарала за купување на популарната апликација за размена на пораки преку мобилните уреди, потсетува британскиот весник “Телеграф”.

Побарувачката за платформи како WhatsApp произлезе од желбата на технолошките компании да ги подобрат своите системи за инстант пораки.

Според некои студии WhatsApp е толку популарна што одигра директна улога во намалениот раст на SMS пораките во светски рамки. Системите на платформата обработуваат до 18 милијарди текстуални пораки на ден, кои се пренесуваат во 750 мобилни мрежи во повеќе од 100 земји во светот.

Според други гласини Google работат на нова, унифицирана услуга за размена на пораки, наречена Babel.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …