Google изнајми аеродром на НАСА за 60 г. Ќе експериментира нови технологии


Google склучи договор со НАСА за лизинг на аеродромот Мофет блиску до Силиконската долина за период од 60 години, соопшти Фајненшал тајмс. Интернет компанијата ќе вложи 200 милиони долари во модернизација на аеродромот, пишува TechNews.bg.

Се тврди дека Google ќе го користи аеродромот за истражување, развој и испитувања во областа на вселенските проекти, роботиката и другите врвни технологии.

Минатата година Google вети награда во износ од 20 милиони долари на секоја приватна компанија, која може да пушти робот на Месечината, способен да помине 500 метри, да направи и испрати слики од површината.

НАСА ќе добие од вработувања вкупно 1,6 милијарди долари и ќе заштеди 6,3 милиони трошоци за одржување на аеродромот. Се очекува Google да го „раздвижи“ истражувањето, како и да направи изложбен комплекс за иновативни технологии, разработени во Силиконската долина.

Претходно аеродромот припаѓаше на воено-поморските флоти на САД, а хангарот беше изграден уште во 30-тите години на минатиот век.

Code Embed: No embed code was found for CODE2


Видете следно

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, …