Google ќе снима на непристапни места


Технолошкиот гигант Google, ја проширува својата работа, па ќе започне да слика објекти на непристапни места. Проектот е пилот, а направените фотографии ќе бидат вклучени во популарната услуга Street View. Предметите ќе ги фотографираат и волонтери, а ќе вклучува високи планини, подводни пејсажи, историски локалитети, со помош на специјална подвижна камера, наречена “Trekker”.

Камерата има 15 објективи и прави 360-степени панорами. “Trekker” се управува од Android уред. За погодност на снимање, камерата е монтирана на ранецот кој тежи околу 18 кг.

Основната идеја е “Trekker” да се користи при експедиции и посетување на непристапни места и правци, кои да бидат фотографирани.

Google нуди камерата да биде користена од обични луѓе, под услов да успеат да ја убедат компанијата дека местото што ќе го снимат, навистина вреди. Затоа се бара да се пополни и посебна веб форма.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Потребна е натамошна консолидација на банкарските системи во регионот на Западен Балкан

Иако последиците од глобалната финансиска криза во голема мерка се надминати, сепак банкарските системи од …