Google објави 3.45 $ милијарди профит за првиот квартал


Интернет гигантот Google започна ветувачки годината. Компанијата објави дека профитот нејзин за првиот квартал се зголемил за 32% до 3,45 милијарди долари, во споредба со истиот период минатата година, објави The Wall Street Journal.

И покрај добрите резултати во првиот квартал, трошоците на компанијата, исто така, се зголемија и тоа со значителни 23%.

“Ние завршивме уште еден одличен квартал. Приходите на компанијата беа15.4 милијарди долари, што е за 19% повеќе”, велат од раководството на технолошкиот гигант.

Со времето Google заработува 6.27 долари по акција, што е неколку центи пониско од предвидувањата на експертите.


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …