Google објави зголемување на приходите


Интернет гигантот Google објави зголемување на приходите со 22% во вториот квартал, со што продажбата достигна $ 16 милијарди.

Профитот на интернет гигантот бил под очекувањата – $ 6,08 по акција спрема предвидувањата за $ 6,25. Раководството на компанијата го напушта Арора, кој оди во Softbank како заменик-претседател, а поранешниот шеф на продажбата Омид Кордестани го зазема неговото место.

Приходите од веб-сајтовите на Google се зголемиле за 23% до $ 10,94 милијарди, вклучувајќи сајтови подружници кои се зголемиле за 7% до $ 3,42 милијарди.

Оперативните трошоци се зголемиле до $ 5,58 милијарди, за разлика од $ 4,45 милијарди во истиот квартал минатата година.

Капиталните трошоци на компанијата биле $ 2,65 милијарди.


Видете следно

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Сан Франциско, 5 декември 2020 (МИА) – Камерата на секој паметен телефон ќе може да дијагностицира …