Google освои важна битка против германските медиуми


Технолошката компанија Google освои важна битка во Европа, откако германските пратеници го одобрија нацрт-законот, според кој интернет гигантот нема да биде обврзан да плаќа за содржини со линкови од сајтовите.

Нормативната промена мина во долниот дом на германскиот парламент во петокот, соопштува The Wall Street Journal. Таа дава право на интернет пребарувачите да објавуваат слободно извадоци од текстови при прикажувањето на резултатите од извршените пребарувања по клучни зборови.

Во првичната варијанта на законските одредби се даваше можност на новинските сајтови и другите интернет портали со содржина да добиваат лиценцни такси од компаниите како Гугл. Ова беше причина за бурна контра реакција, бидејќи според Google тоа би ги влошило сериозно можностите за наоѓање на информации на интернет во Европа и покрај тоа би се создал опасен преседан при авторските права на интернет.

Иницијативата за поставување на таквата законска промена беше поведена од влијателни медиумски групи како Axel Springer во Германија. Издавачите инсистираа дека компаниите како Google заработуваат неправедно на грбот на медиумите и треба да направат олеснување од приходите кои ги реализираат од рекламите кои се појавуваат при појава на фрагменти од новинската содржина.

Сега медиумите во Германија ќе продолжат да имаат право да решаваат под кои услови интернет пребарувачите можат да уживаат во нивната содржина за комерцијални цели. Иако мина во долниот дом на парламентот, законот треба да биде одобрен и од горниот дом, која е контролирана од опозициските социјалдемократи и од зелените.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …