Google поврзува кабел во Тихиот Океан


Google планира да направи огромна инвестиција во унапредувањето на интернетот во Тихиот Океан, кој ќе го поврзува центарот за податоци на компанијата во Јапонија, пишува весникот The Wallstreet Journal (WSJ).

Одлуката на американската компанија е диктирана од зголемениот сообраќај преку нејзините приватни мрежи.

Не за првпат Google да прави ваков чекор. Во 2010 година интернет гигантот инвестираше 300 милиони долари. 

Голем дел од пропусниот опсег на компанијата е резервирана за нејзината приватна мрежа B4, по која се пренесуваат пораките, а видеото на YouTube и другите видови на сообраќај помеѓу центрите за податоци.

 



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …