Google пушта smartphone за $ 105


Технолошкиот гигант Google денес го објави својот прв уред од проектот Android One. Смартфонот ќе се нуди во Индија по цена од 6399 рупии (105 долари), пренесе Reuters.

Компанијата планира освен во Индија, да пушти смартфон и во Индонезија, Филипини и други земји во Јужна Азија, а кон крајот на 2014 година да го прошири пазарот.

Google ја избра Индија, бидејќи земјата е привлечен пазар за нискобуџетни Smartphones. Повеќето луѓе во земјата купуваат слични уреди за прв пат. До денес околу 10 проценти од населението на Индија поседува Smartphones.

Иако според статистиката на индискиот пазар се нудат околу 80 видови смартфони. Според аналитичарите Google требало да понуди уред на пристапна цена, за да се натпреварува со телефоните на Samsung, Motorola и Xiaomi Android One.

Во јуни Google го објави лансирањето на проектот Android One, кој сака да ја стимулира побарувачката на low-end паметни телефони, како и да се подобри нивниот квалитет.

 


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …