Google развива конзола за играње


Google развива конзола, која ќе работи со Android, пишува CNN. Според еКспертите ова е логичен потег при што се конкурира на Microsoft, Sony и Nintendo во оваа област.

Според “Волстрит Журнал” Google работи и над “паметните часовници” (smartwatch), како и речиси сите водечки технолошки компании, всушност. Очигледно компанијата има намера да се натпреварува со другите “големи” во сите области.

Сеуште не се познати никакви детали за конзолата на Google. Не е јасно дали од компанијата ќе се стремат да се наредат до “големите три” – PlayStation (Sony), Xbox (Microsoft) и Wii U (Nintendo).


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …