Google се здоби со парична казна од 145 илјади евра


Судот во германскиот град Хамбург ја казни американската корпорација Google Inc. со глоба во износ од 145 илјади евра по обвинение за нелегално снимање на лични податоци, меѓу кои пораки, лозинки и фотографии предаде ZDNet.

Според судската институција, во периодот 2008-2010 година Технолошката корпорација не само што фотографирала улици и куќи во рамките на проектот Street View (виртуелна тура низ градовите), но во исто време стекнувала пристап до локалната безжична интернет мрежа.

Од Google ја оспоруваат наметнатата казна,, но сепак, судските органи се изјасниле дека тоа е еден од најсериозните случаи на прекршување на законот за заштита на личните податоци. За случајот, се води постапка од крајот на 2009 година


Видете следно

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. …