Google започнува да отстранува резултати


Интернет гигантот Google започна укинување на резултати од вашиот пребарувач. Ова се наметнува поради клучната одлука на Европскиот суд од месец мај, поврзан со правото на луѓето да бидат “заборавени” од интернет.

Според одлуката на судот секој човек може да побара од пребарувачот да укине резултати кои одат при пребарувањето на неговото или нејзиното име.

Претпријатието располага “тим за укинување”, во кој се проценува секоја молба, а инженерите на компанијата ја преработуваат техничката инфраструктура и првите резултати веќе се избришани пренесува Wall Street Journal.

Портпаролот на Google објасни дека ова е нов процес за компанијата и секоја молба се оценува индивидуално. Сепак, тимот се труди да работи што е можно побрзо.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …