Гордана Јанкулоска си поднесе оставка! Еве го нејзиното известување до премиерот


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поднесе оставка од функцијата. За одлуката Јанкулоска писмено го известила премиерот Никола Груевски.

– Почитуван претседателе Груевски,


Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте да бидам дел од Вашиот тим и да раководам со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во изминативе години, не штедејќи време и енергија, работев професионално и посветено, секогаш раководејќи се од интеерсите на граѓаните, и пред се, раководејќи се од интересот на Република Македонија.

Во овие тешки денови, кога Македонија е во длабока политичка криза, ценам дека е време да се повлечам, верувајќи дека моето повлекување од функцијата министер за внатрешни работи, ќе придонесе за нејзиното надминување, стои во оставката од министерката Јанкулоска.


grujo1


Видете следно

Рекордна инфлација од 14,4 отсто во Босна и Херцеговина

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 отсто во однос на истиот месец …