Ѓорѓи Симјановски е избран за најдобар бармен во Македонија


Бевме сведоци на уште една 11-та по ред миксолошка приказна, измешана со многу талент, посветеност и пред се знаење и креативност на нашите македонски бармени.

Оваа година Талин ќе не претстави Ѓорѓи Симјановски – победникот на овогодинешното 11-то по ред првенство на Бармени во Македонија. Второто место му припадна на  Александар Цветковски, додека пак златниот пехар за 3 место отиде во рацете на  Никола Стојмановиќ.

Уживавме во совршено организираниот натпревар во ексклузивниот ресторан FOUR, каде можевме да ги дегустираме егзотичните коктели приготвени од нашата гордост, нашите бармени кои навистина се покажаа во своето најдобро светло.

Бројните едукативни семинари ни ги доближија интересните детали поврзани со дел од спонзорите на самото првенство.

Минатогодишниот победник Васил Пеевски, беше  едукатор на Семинарот за Marie Brizard & Angostura. Мошне интересен пристап на младиот Васил, со уште поинтересни факти и коктели кои не освоија од самиот почеток….

Ја имавме и честа да се дружиме со Horeca координаторот за Македонија и Косово – г-дин Сашко Стаменковиќ, кој одблизу ни ги доближи интересните факти на самиот Nescafe Семинар. Потоа следуваше Nescafe Frappe натпреварот, каде сите учесници ја покажаа својата иновативност и креативен пристап.

Победник во Nescafe Frappe натпреварот е  Илија Оцеровски
2 место – Никола Трајков
3 место – Александар Кириќ

Веруваме дека секој од нас се заљубил во Schweppes на прва голтка. Овој семинар ни послужи да навлеземе подлабоко во историјата на овој прекрасен освежителен пијалок со гостите од Србија кој дојдоа специјално за овој настан.

За крај имаме супер едукативен семинар за MONIN со нашиот master class guest Mišel Posavac, кој ни дојде специјално од Хрватска.

Red Bull повторно им даде крилја на креативните момци и брзина да ги подготват своите феноменални коктели….Уживавме во секоја голтка!


Победници во Red Bull Speed Round натпреварот се :


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …