ГРАД СКОПЈЕ НАЈАВУВА БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИТЕ НА ДОЛЖНИЦИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА


Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004….23/2016), ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.


Видете следно

Вкупните приходи на Буџетот за 2020 година се планираат на ниво од 222,3 милијарди денари

На редовната 164. седница на Владата на Република Северна Македонија е утврден Буџетот за 2020 …