Град Скопје потклекна на граѓаните: Започна рушењето на времениот објект на кровот на ГТЦ


Согласно одлуката на Градоначалникот Шилегов, денеска почна демонтажата на времениот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.

По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило, соопштуваат од Град Скопје.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …