ГРАД СКОПЈЕ СО НАМАЛЕН БУЏЕТ И НОВИ ПРОЕКТИ


На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. Во таа насока Буџетот на градот за 2018 година ќе биде намален вкупно за 27 милиони денари. Со други зборови наместо предвидените 4.254.000.000, Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 4.227.000.000 денари.

Овој ребаланс е подготвен во согласност усвоениот прв квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Во првиот квартал остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено. Вкупните приходи за овој период од годината се остварени во износ од 1,1 милијарди денари што претставува 17 проценти во однос на планот за 2018 година. Се бележи зголемување од 2 проценти во остварувањето на приходите на вкупниот буџет на Град Скопје во однос на истиот период минатата година, што оди во прилог на одржување на позитивната динамика.

Во ребалансот кој ќе се гласа на 20 јуни, најголемите промени  во вкупните предвидени средства се однесуваат на Секторот за комунални работи каде е предвидено зголемување на средствата за 67.150.000 денари, како и секторот за сообраќај каде е предвидено намалување за 104.850.000 денари.

Промени во буџетот има и во секторите за: планирање и уредување на просторот ( намалување од 17,39 милиони денари), јавни дејности (намалување од 10,36 милиони денари) и локален економски развој. Незначителни промени има и во секторите за: информатичка технологија и модернизација, животна средина, образование, меѓународна соработка, инспекторат како и БППЗ на Град Скопје.

Видете следно

Интервентна субвенција за земјоделците за предадени домати во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна …