ГРАД СКОПЈЕ СО СТИПЕНДИИ И ЗА СРЕДНОШКОЛИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ


25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје ќе добиваат стипендии во текот на 9 месеци, а висината на стипендијата е 3.000 денари нето износ.

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.

Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма.

Огласот со критериумите ќе се објави во понеделник, 16.09.2019 година, а апликациите коишто ќе пристигнат во архивата на Град Скопје ќе ги разгледува комисија.

По воведувањето на праксата за доделување на стипендиите за средношколците спортисти, Градот Скопје за првпат доделува и стипендии за учениците со попреченост.

 



Видете следно

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на …