Градежната оператива од Република Северна Македонија во странство за 80.7 % помалку извршила градежни работи


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − септември 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 006 451 илјада денари, што е за 249.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 210 912 илјади денари, што е за 80.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија. Вредносните податоци за периодот јануари − септември 2019/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 53,6887 денари.


Видете следно

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски …