Градоначалникот Арбен Таравари го прими американскиот амбасадор Џеси Бејли


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го прeчека амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.

На средбата која помина во мошне пријателска атмосфера, Таравари го запозна амбасадорот Бејли за постигнатите резултати во текот на неговото раководење со Општина Гостивар, но и со предизвиците и проблемите со кои се соочува, посочувајќи дека воведувањето на нови стандарди во управувањето со општината во неговиот мандат, ги дава и првите резултати во однос на подобрување на состојбите.

Како главно вознемирување, градоначалникот Таравари ја посочи горчливата вистина –  постојаниот пад на квалитетот на живеење во земјатв, каде што не се исклучок ни жителите на општина Гостивар. Како најпогодени области, Таравари ги посочи образованието, здравството и социјалната заштита, каде што погрешните политики во повеќегодишното лошо владеење,  сé повеќе ги ваѓа во површина последиците.

Меѓу главните проблеми, Таравари ги спомна и скратениот буџет на општината, блокадите од страна на советниците кои доаѓаат од редовите на партиите што ја контролираат централната власт, одземањето на надлежностите во образованието како последица на несуштинската децентрализација. Конкретно, Таравари го запозна амбасадорот Бејли и за длабоката ДУИ-зација на образованието во општина Гостивар, односно дека одлуките за парашања од образовнието се донесуваат во партиските канцеларии на ДУИ во Гостивар.

Таравари изрази подготвеност да седне со сите релевантни фактори за да се подготви соодветна стратегија за деполитизирање на училиштата и образованието.

На средбата, Таравари и Бејли, разговараа и за референдумот од 30 септември, при што градоначалникот на Гостивар, воедно и генералн секретар на Алијансата за Албанците, го искажа ставот на неговата партија по ова прашање. Во то јправец, градоначалникот Таравари го изрази неговото стравување за мал одзив на референдумот поради масовното заминување на населението, особено на младите од Гостивар и околината, појава мошне пристуна и на ниво на земјата, особено кај албанската популација.

Сепак, Таравари го увери амбасадорот Бели дека граѓаните на Гостивар се определени  за интеграција во НАТО и ЕУ, и дека поголемиот дел од гостиварското население, таа ориентација ќе ја потврдат и на референдумот.

По средбата, гостиварскиот градоначалник и американскиот амбасадор, пешки се  упатија кон Центарот за млади и заедницата, за да присуствуваат на свеченото отворање на истиот, проект кој се реализира од страна на невладината Демокраси лаб, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и на Општина Гостивар.

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …