Градоначалникот Богоев оствари средба со амбасадорот Тимоние


Македонско – француското пријателство датира со децении, со конкретна соработка во различни области, а токму спортската сала „Партизан“ е одраз на солидарноста на Франција кон Градот Скопје, веднаш по земјотресот во 1963 – та година.

Ова беше една од главните теми на разговор на денешната работна средба на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние. Во контекст на оваа актуелна, и за карпошани многу значајна тема, градоначалникот Богоев изјави:

– Започнавме иницијатива за спас и обнова на салата „Партизан“, култен спортски центар кој претставува донација од француската влада. Граѓаните беа уплашени дека овој простор може да биде узурпиран со изградба на нови згради, но, нашата заложба и цел е ова место да остане со намена за спорт и рекреација.

Амбасадорот Тимоние истакна дека Карпош претставува значаен дел од Скопје, а токму градоначалникот е најблиската личност – институција до граѓаните.
Богоев и Тимоние разговараа и за подлабока соработка во областа на животната средина, образованието и унапредувањето на родовата еднаквост.

Потврдена е заложбата за унапредување на францускиот јазик во основното образование, како и организирање и одржување на дополнителни обуки и работилници за наставниците кои го предаваат овој јазик, во соработка со Институтот за француски јазик – Скопје..

Во претстојниот период, градоначалникот Богоев и амбасадорот Тимоние ќе остварат посета на околниот простор околу „Партизан“, но и на основното училиште „Братство“, во Тафталиџе, кое е пример за образовна установа каде се изучува францускиот јазик и се негува мултиетничноста.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …