Градоначалникот Филип Темелковски беше во работна посета на фирми од општината


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски беше во работна посета на Workfashion  и Енерго систем.

При оваа посета, градоначалникот Филип Темелковски со раководствата на фирмите кои егзистираат на територијата на Општината разговараше за потребите на правните субјекти, за патната инфраструктура и за изнаоѓање на решенија за одредени комунални проблеми.

Од страна на претставниците на истите, градоначалникот детално беше запознат и со дејноста што ја вршат.

Имено, фирмата Workfashion е странска инвестиција која почна со работа оваа година и во моментов истата го зголемува капацитетот на производство.

Во насока на подобрување на условите во општината, градоначалникот Филип Темелковски и во иднина ќе продолжи да се среќава со бизнис заедницата.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …