Градоначалникот Митовски потпиша Договор за реализација на проект за реконструкција на тротоарите во Крива Паланка и изградба на пешачка патека


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпиша Договор за имплементација на проект со наслов „Создавање услови за рурален развој,развој на туризмот и развој на земјоделието во Североисточен Плански Регион“.
Инвестициските активности на проектот предвидуваат изградба на пешачка патека која води кон туристичкиот локалитет Калин Камен во должина од 974,35 метри , како и реконструкција на тротоарите во Крива Паланка со должина од 2,025 метри.

Вкупниот буџет за реализација на овие активности, кои ќе се реализираат во Крива Паланка е во висина од 13.617.392 денари, а дел од финасиските средствата се обезбедени преку Бирото за Регионален Развој за 2021 и 2022 година. Краен рок за реализација на активностите од проектот, е до крајот на тековната 2022 година,а имплементатор е Центарот за Развој на Североисточниот Плански Регион.



Видете следно

Градежните работи на браната „Конско“ треба да завршат најдоцна до јули

Изградбата на хидросистемот „Брана Конско“ и придружните објекти влезе во завршна фаза на изведување, односно …