Градоначалникот на Њујорк и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство поради финанскиски тешкотии


Њујорк, 17 септември 2020 (МИА) – Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека тој и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство една недела поради „невидени буџетски предизвици” што се должат на пандемијата на новиот коронавирус, јави ДПА.

– Од 1 октомври, сите градски власти ќе заминат на неплатен одмор, и ова очигледно важи и за мене, нагласи Де Блазио на прес-конференција.

Де Блазио има намера да работи без плата за време на тој период. Мерката ќе се однесува на речиси 495 вработени во градското собрание.


Видете следно

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 31 милион

Бројот на заразени со коронавирусот во светот, според веб-страницата Ворлдометер (Worldometer), надмина 31 милион. САД …