Градоначалникот на Општина Дебрца се пофали на Facebook: Еве колку пари има досега земено за патни трошоци и дневници


Статус на Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца

Деновиве по порталиве можеме да прочитаме кој пратеник колку инкасирал на своја сметка, по основ на патни трошоци.

И читаме, поединци земале илјадници евра. Ај и јас да се пофалам.

За две години градоначалнички мандат немам земено ниту денар патни трошоци. Рака на срце, немам ниту право, бидејќи користам службено возило.

Според закон имам право на дневници за службени патувања. За две години градоначалнички мандат имам земено 0 ( читај: нула ) денари дневници за службени патувања.

Многумина ми велат: “Ти си луд “!? А јас мислам дека го правам само она што треба да го прави секој избран од народот…….

П.С. Верувајте, не е се во парите !


Видете следно

Уште четири корисници на Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица ќе добијат свој топол дом

Уште четири корисници на Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица ќе добијат свој топол …