Градоначалникот на Техеран го претвори градот во џиновски музеј


Градоначалникот на Техеран, Мохамед Бакер Галибаф е добро познат во Иран како поранешен командант на Револуционерната гарда, пензиониран пилот, кој 2 пати ги изгубил претседателските избори.

Оваа недела тој додаде и уште една титула на листата – патрон на уметноста, откако нареди, на сите 1500 билборди во Техеран да бидат ставени слики на познати уметнички дела, вклучувајќи и бројни истакнати западни сликари, соопшти New York Times.

Од делата, избрани од посебна група на луѓе, повеќе од 30% се странски. Избрани се дела само на покојни ирански уметници, бидејќи “некои од модерните работи можат да доведат до несакани последици”, тврди Мусави.

Билбордите веќе не покажуваат толку политички слоган, како пред неколку години, а насочени се првенствено кон комерцијални теми, па новите уметнички предлози се прифатени широко и со ентузијазам од граѓаните. Дел од луѓето тврдат дека никогаш не оделе во музеи, но ја поздравија иницијативата.


Видете следно

Живот во кафез: Каков пекол живеат животните во зоолошката во Битола

Зоолошка градина Битола е основана на 1 мај 1950 г. со помош на зоолошките градини …