Градот Скопје денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година


Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре (28.05.2019 година) вторник, нема да се примаат.

На овој јавен повик досега се пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед. Затворањето на повикот е во согласност со член 4, став 4, од Правилникот за користење финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.


Видете следно

СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини …