ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЧНУВА СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2019


Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004….23/2016), започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници.

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски.

Напоменуваме дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.


Видете следно

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработените донираа по повод Светскиот ден за борба против гладта

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, а во насока на визијата …