Граѓаните од североистокот возат по рехабилитиран пат Куманово-Страцин


Граѓаните од североистокот од денеска возат по рехабилитиран патен правец Куманово-Страцин.


Патот е во должина од 31,2 километри, обновата чини скоро 12 милиони евра, се рехабилитира по повеќе од три децении.


На официјалното пуштање во употреба на реконструираната делница, присуствуваа претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, дел од пратениците и градоначалниците од регионот, претставници од ангажираните компании.

Премиерот кажа дека патот има огромно значење за економскиот и рамномерниот регионален развој за регионот.


– Што значи дека во независна Република Македонија, во Република Северна Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес, кажа премиерот.

Магистралниот пат е дел од паневропскиот Коридор 8, што овозможува поврзување со соседни земји.


Ковачевски потсети дека североистокот и истокот со години биле заборавени, а сега во овој дел се работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и се проширува лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија.

– Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно, кажа Ковачевски.


Тој рече кажа дека двата коридора се најголемите проекти во државата, а потпишаниот анекс на договор со ЕУ го става коридорот 8 на мапата на европски коридори.

– Досега Коридорот 8 не беше на мапата на трансевропските коридори и благодарение на напорната и заедничка работа на владите на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија конечно овој месец се потпиша анексот на договорот со којшто коридорот 8 е ставен на мапата на трансевропските коридори, кажа премиерот.

Одлуката на ЕУ, според Ковачевски, придонесува земјава да се позиционира на сообраќајната и економската карта на Европа, поврзувајќи се со пристаништа во Бургас и Драч.

Со потпишаниот меморанудм со Владата на Албанија за изградба на пристаниште Порто Романо, дополни премиерот, ќе се овозможи и изградба на суво пристаниште во Струга, што ќе биде олеснување за компаниите, кои тргуваат со земјите од Централа и Југоисточна Европа, а преку Драч ќе се поврзе со Бриндизи во Италија и со регионот на Италија, Австрија.

-Економскиот бенефит е исклучителен со изградба на коридорите, рече премиерот и дополни дека се предвидени 8.

000 работни места, инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за два проценти годишно во наредните пет години.

Компаниите ќе имаат можност за нови пазари, странските можат да инвестираат, ќе се градат хотели, бензински, ресторани и други објекти на делниците.

Министерот за транспорт Бочварски кажа дека мапирањето на Коридорот 8 значи поддршка од ЕУ, средства, но и мотив за побрза изградба.

Граѓаните веќе ја користат оваа модерна и безбедна патна врска, клучна за овој регион и навистина треба да бидеме задоволни од тоа како се реализираше овој проект, кажа министерот.

Тој рече дека со изградбата на дополнитените делници во регионот, експресниот пат и проширувањето на лентата кон Деве Баир, се заокружува источниот крак од коридорот 8.

Во обраќањето, Бочварски порача дека треба да се тргнат партиските разлики и да се даде поддршка за инфраструктурите проекти, значајни за економскиот развој на земјава.

Директорот Рустеми потести дека етапно се градени, првин Куманово- Војник во должина од 15, 2 илометри со 4, 7 милиони евра обезбедени од ИПА 2, дел од средства на претпријатието.

Во втората фаза се рехабилитираше Војник-Страцин во должина од 16 километри со 7, 4 милиони евра, пари обезбедни од ЈПДП, вкупно 31, 2 километри до вредност од 11. 78 милиони евра.

2020 како што потсети беше реконструиран Ранковце -Крива Паланка во должина од 21 километри, а во моментов се гради експресниот пат Крива Паланка-Длабочица-Страцин и една лента до преминот со Бугарија во вредност од 74,5 милиони евра со должина од 39 километри.

-Заедно со отпочнување на активности за заокружување на Коридорот 8 и Коридорот 10 ќе си дадам за слобода сите овие засилени активности да ги оквалификувам како градежна револуција во сообраќајната патна мрежа во земјава, изјави Рустеми.

ам/лв/фото: МИА- .

Извор: МИА