Граѓанската иницијатива “Македонски концепт”, преку претставникот Петар Богојески, донираше заштитни маски и ракавици за полицајците на терен


Денес пред седиштето на Македонскиот полициски синдикат во Скопје, граѓанската иницијатива “Македонски концепт” преставувана од г-дин Петар Богојески на преставници од највисокото раководство на Македонскиот полициски синдикат им предаде донација од 4000 заштитни ракавици и 1000 заштитни маски, наменети за вработените во Министерството за Внатрешни Работи, кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните во оваа глобална пандемија на Covid-19.

Со нашата донација се обидуваме да помогнеме на нашите полицајци, да покажеме  подготвеност за соработка и солидарност, во овие моменти кога е најпотребно во нашата земја.  Средствата за промоција на нашите кандидати за пратеници ги пренаменивме за набавка на заштитни средства, кои се користат за поддршка на борбата против вирусот. Им благодариме на Македонскиот полициски синдикат што ја прифатија оваа наша донација и искрено се надеваме дека во овие деликатни времиња, средствата ќе станат достапни до полицајците  на терен, што ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат работните задачи во услови на пандемија, бидејќи здравјето на полициските службеници е наша заедничка одговорност, истакна Петар Богојески од политичката платформа “Македонски концепт”,  при предавање на донацијата.

Заблагодарувајќи се за донацијата, преставниците на Македонскиот полициски синдикат истакнаа дека донацијата доаѓа во вистински момент и истата ќе биде распределена веднаш согласно план, онаму каде што е најпотребна. Оваа акција ќе трае се додека, за полициските службеници не бидат обезбедени доволно заштитни средства за нивна заштита во борбата против корона вирусот.

Почитувани уште еднаш како Македонски полициски синдикат упатуваме апел до сите општествено одговорни правни лица, здруженија и организации кои можат да одвојат средства да се приклучат во оваа наша кампања со што ќе помогнат и ќе ги подржат вработените во МВР, АР, АНБ и УФП, кои заедно со докторите и медицинскиот персонал деноноќно работат во справувањето со оваа пандемија.

 


Видете следно

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна …