Границата меѓу САД и Канада останува затворена до 21 јуни


Канада и САД се договорија нивната меѓусебна граница затворена поради пандемијата да остане затворена барем до 21 јуни за сите патувања што не се неопходни.

Сегашното продолжување на одлуката за затворање на границата истекува оваа недела, но двете влади го продолжија за уште 30 денови. Канаѓаните стравуваат од повторно отворање на границата затоа што САД имаат најмногу смртни случаи од Ковид-19 во светот, иако имаат помалку „по глава на жител” отколку некои други земји.

Неопходните здравствени работници, авионски екипажи и возачите на камиони се уште можат да ја преминат границата помеѓу САД и Канада, како и шпедитери, бидејќи повеќето увоз на храна во Канада доаѓа од САД или преку САД.

Заедничката американско-канадска граница е долга 8.891 километар и таа е најдолгата копнена граница на светот меѓу две држави.

Торонто, 19 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok” и на „WeChat”

Вашингтон, 7 август 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои …