Грчката Национална банка купи облакодер


Националната банка на Грција го купила облакодерот “Кристал Тауер” во Истанбул. За придобивката искеширала 303 млн.долара, пренесува турскиот весник ” Хуриет”.

Облакодерот е висок 170 метри, располага со површина од 60 илјади квадратни метри и има 40 ката, предвидени за канцеларии и работни места.

“Кристал Тауер” беше сопственост на турскиот конзорциум Сојак. Облакодерот е изграден во форма на кристал.

Грчката Национална банка, која поседува 35 проценти од Финансбанк го вади профитот од инвестиции во неа, и планира да ја смести централата на оваа турска банка во зградата на облакодерот.


Видете следно

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската …