Breaking News

Грковска – Грегоријан: Одржливиот и инклузивен економски развој приоритет за Северна Македонија


Унапредување на меѓусебната соработка беше главна тема на денешната средба на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Грегоријан.


Вицепремиерката Грковска се заблагодари на поддршката што УНДП ја дава, особено во делот на унапредување на ефикасноста на институциите, како и имплементацијата на принципите за добро владеење.


Таа го информираше постојаниот претставник Грегоријан за тековните активности на нејзиниот Кабинет, кои се однесуваат на антикорупциските политики, дигиталната трансформација на општеството, како и професионални, одговорни и отчетни институции.

Грегоријан, пак, ја информираше вицепремиерката за плановите на УНДП во наредниот период, кои се однесуваат на поддршка на жените во политиката, како и за влијанието на климатските промени врз позицијата на жената.


Исто така, тој информираше и за улогата на УНДП во подготовката на активностите што се преземаат за одбележување на 60 годишнината од земјотресот во Скопје.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските активности и одговорно демократско владеење се целосно во согласност со националните приоритети за развој на државата и за полноправно членство во Европската Унија. мч/сп/


фото: Влада на РСМ

МИА